Од среда ќе има стотици производи со намалена цена, ќе се појави нова ознака на рафтовите во маркетите

од Nikola Popovski
316 прегледи

Ако се намалуваат шпагетите, ќе се намалат сите производи кои се продаваат, од било кој производител, без разлика дали е увозен или домашен, односно од таа категорија која ќе биде наведена во одлуката на Владата, рече денеска на прес-конференција, министерот за економија Крешник Бектеши во однос на замрзнувањето и намалување на цените на производите од 10%, кое се очекува да стапи на сила од среда.

Како што информира Бектеши, ќе се намалат цените на многу повеќе од 50 производи, но околу 25 се категории на производи.

Има овошје и различни видови, има зеленчук и разни видови. Во делот на производите, како бројка се повеќе од 50 производи кои од среда треба да бидат со намалена цена. Ако некој се обиде да направи злоупотреба и да ја стави ознаката гарантирана цена, а во меѓувреме не пријавил дека прави намалување заради истекување на рок или слично, согласно Законот се знае што следува, кажа министерот, одговарајќи на новинарско прашање.

Околу тоа дали месните и млечните производи се наоѓаат на таа листа, Бектеши обелодени дека се речиси сите прехранбени производи.

Има и вид на наполитанки кои се продаваат кај нас. Генерално листата е земена од Заводот на статистика и нивната методологија за утврдување на инфлацијата и за тоа кои производи повеќе се трошат во нашата држава. Верувам дека се стотици производи, дополни министерот, при што потенцира дека ќе има ознака „гарантирана цена“ на рафтовите во најголемите ланци од маркети.

Слични содржини