Земете чадор: Најавена нестабилност со пороен дожд и грмежи

од Nikola Popovski
175 прегледи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, информира УХМР. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен.

Во Скопје се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Максималната температура ќе достигне 30 степени.

И во текот на целата седмица ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Слични содржини