Лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во моментов не верува дека постои пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој што би гласал за уставни измени. Тој не верува дека „постои таква сила која што ќе избие пратеник од густо збиените редови“.
Според него, постои минијатурна можност најголемата опозициска партија целосно да го промени ставот. Сепак тој оценува дека евентуалното влегување на Бугарите во македонскиот Устав нема да смени ништо.
Стравот дека со влезот на Бугарите ќе се случи нешто катастрофално во земјата, нема ништо од тоа, но лично верувам дека Бугарија ќе ни става нови пречки на патот кон евроинтеграција и „за џабе“ ќе ги внесеме Бугарите. Повторно ќе има пречки ако го промениме Уставот, дециден е Ангелов во емисијата „Студио 10“.
Ангелов посочува дека ќе добиеме утешна награда од отворање на повеќе фондови и повеќе пари од ЕУ со внесувањето на бугарското малцинство во Преамбулата.