Путин и Си ќе се сретнат во Пекинг во октомври

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Претседателите на Русија и Кина – Владимир Путин и Си Џинпинг ќе се сретнат во октомври во Пекинг, кога ќе имаат детални билатерални разговори во рамките на учеството на меѓународниот форум „Појас и пат“, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

На средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Москва, Патрушев рече дека Русија и Кина имаат еднакви или блиски ставови за фундаменталните прашања на современиот светски поредок и клучните меѓународни проблеми, пренесува РИА Новости.

„Зборуваме и за основниот принцип на еднаква и неделива безбедност“, изјави Патрушев и посочи дека Москва го поддржува Пекинг за прашањата на Тајван, Ксинџијанг, Тибет и Хонг Конг.

Слични содржини