Интернет порталите формираа здружение за унапредување на својот статус во општеството

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Претставници на поголема група професионални и влијателни онлајн медиуми оформија Здружение за заштита и унапредување на интернет медиумите Onlinemedia.mk.

Македонските интернет портали во иднина заеднички ќе се борат за подобрување на својот статус во општеството и за унапредување на професионалните стандарди и на третманот во медиумската заедница.

По подолго време, интернет порталите се обединуваат во идејата да настапат заеднички за подобрување на овој медиумски сектор и за воспоставување правила на игра.

На првото собрание на Здружението, претставниците на издавачите покренаа повеќе важни прашања, афирмирајќи го и барањето интернет порталите да влезат во Законот за медиумите, при претстојните промени на овој закон коишто се очекуваат наскоро.

Исто така, и во најавените измени на изборната регулатива, членовите на Onlinemedia.mk се сложни дека треба да се направат значителни промени, со цел да се отфрлат ограничувањата при изборното рекламирање во онлајн медиумите.

Здружението Onlinemedia.mk ќе се залага за целосно рамноправен третман на професионалните интернет портали со традиционалните медиуми, особено и поради фактот што истражувањата покажуваат дека интернет медиумите веќе се доминантен сегмент на медиумската индустрија, како во светот, така и кај нас.

Здружение onlinemedia.mk

Претседател
Владимир Кошевалиски

Основачи
Семи Мехмети, Александар Дамовски, Дејан Николовски, Бранко Героски и Насер Пајазити

Слични содржини