Љубовта „пламна“ во џакузи: Наскоро бившиот сопруг на Софија Вергара веќе најде нова девојка

Ѕвездата на „Magic Mike“, Џо Манганиело, кој моментално е во екот на бракоразводната постапка од Софија Вергара, ја запозна својата нова девојка, актерката и модел Кејтлин О'Конор, во џакузи на забава по премиер на спортска драма на HBO.

од Vladimir Zorba
452 прегледи

Неговиот развод со Софија Вергара сè уште не е финализиран, но тоа не значи дека Џо Манганиело веќе не продолжил понатаму. Според магазинот People, 46-годишниот актер среќата ја нашол со Кејтлин О’Конор, 13 години помладата актерка, која ја запознал на неофицијална афтер забава организирана од HBO.

Интересна е приказната како се запознале во џакузито кое било на забавата, а веднаш по средбата се „споиле“ и продолжиле да разговараат до доцна во ноќта. После тоа продолжиле да се дружат, а неодамна биле снимени како излегуваат од теретана во Калифорнија, каде заминале со неговиот автомобил.

Разговорот за нова врска започна помалку од два месеци откако тој поднесе барање за развод од Софија Вергара, наведувајќи ги непомирливите разлики како главен виновник за крајот на нивниот брак.

Иако јавноста беше изненадена од нивниот развод, за нивните блиски пријатели тоа не беше ништо чудно, бидејќи долго време имаа различни подеми и падови во бракот, но пред јавноста се преправаа дека се е апсолутно во ред.

Слични содржини