Бектеши задоволен од почитувањето на намалението на цените: 90% од предлозите се од Стопанската комора

од Nikola Popovski
362 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека носат одлуки кои се задолжителни за секторот трговија, вклучувајќи го и месото. Освен задолженија за маркетите, во одлуката за намалување на цените има задолженија и за добавувачите и прозводителите.

Министерот посочи дека во текот се контроли на Државниот пазарен инспекторат и дека ќе продолжат и понатаму.

-Во однос на тоа што го велат Стопанската комора, тие беа вклучени во разговорите што ги имавме. Генерално можам да кажам дека над 90% од предлозите се од Стопанската комора, како во делот на листата на производи, така и во другите одлуки. Сме разговарале со извршените директори на Стопанските комори. Врзани сме за да ја зголемиме соработката со сите Комори. Во однос на различните ставови, тоа е добро и за демократијата. Кога има такво нешто, има повеќе идеи, дебата и факти, а крајната одлука ги носат надлежните институци. Одлуките не се само во личен интерес на одреден член на Комората, кој може да има и лична корист од одлуките. Ние не носиме одлуки за лични интереси, кажа Бектеши одговарајќи на новинарско прашање, откако реагираа на последната владина одлука за поевтинување на основните прехранбени производи, како и на донесувањето на Законот за данок на солидарност.

Бектеши исто така појасни дека до овој момент, се задоволни со начинот како се почитуваат мерките од страна на трговците.

Слични содржини