363
Наместо од Русија, Египет ќе купува жито од Франција и Бугарија бидејќи цената што ја понуди Египет беше под прагот поставен од Москва.
„Русија не беше задоволна од цената предложена за време на преговорите за откуп на пченица“, велат извори на агенцијата Блумберг.
На почетокот на септември египетскиот министер за снабдување Али Ел-Мосилхи изјави дека за време на директните преговори со Москва, Каиро се согласил да купи 480.000 тони руска пченица, пренесува РИА Новости.