Зеленски бара повеќе системи за противвоздушна одбрана по рускиот напад

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека на неговата земја и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана, откако руските сили извршија еден од најголемите напади во последните недели.

„Синоќа руските терористи извршија уште еден голем напад врз нашата инфраструктура. Повеќето од проектилите беа соборени, но само повеќето, не сите“, рече Зеленски на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека токму поради тоа на Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана.

Слични содржини