Високи температури за овој период од годината, од недела голема промена на времето

од Nikola Popovski
186 прегледи

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до 33 Целзиусови степени.

Во следните два дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Во недела ќе настапи поголема промена на времето, кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Дополнително опаѓање на температурите ќе има и од понеделник.