Крастев: Руската црква ги промовира српските интереси во Македонија

од Nikola Popovski
244 прегледи

Имаше и други членови на Руската црква во Софија, пред 20-22 години, кои беа вклучени во шпионски активности од Бугарија, изјавил бугарскиот новинар Николај Крастев по протерувањето на шефот на руското црковно предворје во Софија, Васијан Змеев, како и на уште двајца црковни службеници поради шпионажа.

Крастев објаснил дека архимандритот Змеев бил обвинет за учество во хибридни акции поврзани со признавањето на дејствата на српската дипломатија кон Македонија и МПЦ.

-Со ваквото приближување на руската црква и онаа на Република Северна Македонија, Вселенската црква чека и не брза да го издаде томосот, изјавил Крастев.

-Се создава инфраструктура на свештеници блиска до руското предворје, кои ќе имаат поголемо влијание внатре во Бугарската православна црква, за да носат одлуки кои нема да се во бугарски интерес, додал новинарот.

Тој тврди дека значителен дел од бугарските митрополити, кои дипломирале на духовните академии во Русија или поранешниот Советски Сојуз, денес се блиски до руската црковна дипломатија.

-Многу работи се движат низ црквата, меѓу кои и зајакнувањето на српското влијание во РСМ, смета Крастев.

Пред една недела беше објавено дека Змеев е прогласен за персона нон-грата и во земјава. Покрај него, забрана за влез во земјава добиле и тројца руски дипломати кои се протерани. Ваквата одлука била донесена по информации добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. Сепак во соопштението на нашето МНР не беше спомнато зошто е протеран и рускиот свештеник.

Тој ја имал улогата на координатор на руските црковни политики на Балканот, со осбено влијание во Бугарија и во Северна Македонија.

За Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни е „неодговорен и непријателски чин“.

Слични содржини