Ковачевски ги осуди престрелките на Косово и уверува дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна

од Nikola Popovski
266 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски силно ги осуди престрелките во Косово и изрази целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот. Ковачевски ги уверува македонските граѓани дека може да бидат спокојни.

Безбедносната состојба во државата, е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања. Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата. Воедно согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија, порача синоќа премиерот во објава на социјалните мрежи.

 

Ковачевски апелира за деескалација на настаните во Косово и на продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени на мирен и демократски начин.

Клучно е забрзувањето на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, тоа е единствениот начин за обезбедување напредок и стабилност во регионот, како и намалување на влијанието на дестабилизирачки трети страни. Регионот мора да оди напред, граѓаните заслужуваат просперитет, подобра иднина и подобар животен стандард, истакна премиерот.

Припадници на косовската полиција во неделата во 02:34 часот биле нападнати во селото Бањска на северот на Косово, при што еден полицаец загинал, а двајца се повредени. Тројца напаѓачи загинале во размената на оган меѓу полицијата и Србите од северот на Косово, а осуди за нападот стигна од целата меѓународна заедница.

Рафалите цело утро одекнувале во реонот на селото Бањска, а мештаните биле многу исплашени и затворени во своите куќи. По нападот во кој беше убиен полицаецот со албанско потекло Африм Буњаку од село во близина на Вучитрна, во областа беа забележани засилени сили на косовската полиција заедно со КФОР, а затворен беше и граничниот премин Јариње.

Набргу Рашко-призренската епархија соопшти дека група вооружени маскирани лица со оклопно возило упаднале во манастирот во Бањска. Во тој момент во манастирот имало група верници од Нови Сад, со свештеник и игумен. Вооружени маскирани лица се движеле низ дворот, при што повремено се слушале истрели.

Слични содржини