207
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа им порача „на оние кои мислат дека можат да извршат притисок врз Србија да го признае независно Косово, дека тоа никогаш нема да се случи“.
„Никогаш нема да признаеме независно Косово. Можете да не убиете сите. Можете да правите што сакате. Србија никогаш нема да го признае независно Косово. Изродот што го направивте со бомбардирањето на Србија, што го направивте со сите можни лаги“, рече Вучиќ.
Тој рече дека Србија е секогаш подготвена за разговори, но може да заборават на признавањето на Косово. Вучиќ повтори дека суштината на притисокот е Србија да го признае Косово.