(ВИДЕО)Задното стакло на iPhone 15 Pro Max брзо пукна на тест за издржливост

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Пред неколку дена, YouTuber-от JerryRigEverything го објави својот годишен тест за издржливост за iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max, кои се опремени со сосема ново титаниумско куќиште од класа 5.

Екранот и рамката на уредот останаа неоштетени, само задното стакло не го издржа притисокот.

За време на тестот за издржливост, новиот титаниум од класа 5 беше изложен на гребнатини, тестирање на топлина и други предизвици. Како што се сомневавме, титаниумот навистина се гребе кога е изложен на нож. Од друга страна, матираното задно стакло е значително поотпорно на гребаници.

Екранот исто така добро го поминува тестот за гребење, како и трите камери на задната страна на iPhone 15 Pro. Но, работите наскоро станаа многу интересни.

„Време е да видиме дали новата хибридна структура со алуминиум и титаниум ќе го загрози структурниот интегритет на iPhone 15 Pro Max“, вели JerryRigEverything додека почнува да врши притисок врз уредот. За само неколку секунди ќе слушнете пукање и задното стакло целосно се крши.

„Не го очекував тоа“, вели тој. „Јас ја тестирам издржливоста на паметните телефони веќе 11 години и повеќето од нив не се оштетени. Особено iPhone кој обично добро се справува со тестовите“.

JerryRigEverything шпекулира дека тоа би можело да биде затоа што титаниумот има пет пати поголема цврстина на истегнување од алуминиумот, што значи дека задното стакло не може да издржи ни најмал притисок и свиткување. За среќа, Apple значително ја намали цената на замената на задните стакла на iPhone 15 Pro оваа година.

Слични содржини