Се уште не е дозволен влез во Бањска, ситуацијата е тензична

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Состојбата во село Бањска, по конфликтот на косовската полиција и локалните Срби, се уште е тензично.

Се уште не е дозволен влез во селото, додека селаните можат да излезат и да влезат заради медицински потреби, како и да купат основни прехранбени производи, изјави заменик директорот на косовската полиција за регионот Север – Ветон Елшани.

Елшани рече дека две лица се уапсени во хотел во село Бањска, откако, како што тврди, на паркингот на хотелот бил пронајден автомобил полн со оружје.

Слични содржини