Спасовски: Инцидентот во Бањска го погодува целиот регион, верувам ЕУ и САД нема да дозволат црни сценарија

од Nikola Popovski
242 прегледи

Инцидентот во селото Бањска го погодува целиот регион, но безбедносните служби будно ја следат ситуацијата, собираат информации и вршат редовни анализи, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, додавајќи дека верува дека Европската Унија и САД ќе застанат на патот на црните сценарија.

„Засега безбедносната ситуација во земјата е под контрола, нема директни последици што би претставувале опасност за безбедноста на Северна Македонија, а граѓаните можат да бидат мирни. Убеден сум дека нашите стратешки партнери, ЕУ и САД нема да дозволат црни сценарија и ќе вршат силен притисок да се вратат работите во нормала“, изјавил Спасовски во интервју за „Политика“.

Тој додал дека ако нашата заедничка цел е да станеме регион кој ќе извезува мир и стабилност, тогаш политичките кризи не можат да се решаваат со конфликти и мора да се обединиме со заеднички политики што можеме да ги спроведеме.

Слични содржини