Повторно одложено судењето против Менкиноски за истакнувањето на знамето од Кутлеш

од Nikola Popovski
402 прегледи

Повторно се одложи рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за нарушување на јавниот ред и мир со поставувањето знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид.

Денешното рочиште не се одржа, како што беше речено, поради здравствени проблеми на судијата Милчо Клишески кој го води предметот, а наредното ќе биде закажано дополнително.

На судењето не се јавија претставници на МВР, од каде против него е покрената прекршочната пријава за поставувањето на знамето.

Претходно Менкиноски најави дека ќе бара од Судот да донесе ослободителна пресуда од причина што како и во претходните рочишта не се појавува никој од страната на обвинението, а смета дека ослободителната пресуда ќе значи слобода Македонците достоинствено и гордо да го веат знамето од Кутлеш.

Адвокатот се терети за нарушување на јавен ред и мир за време на верскиот празник Водици. Сам се пријавил во охридската полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето. Тој ја презема целата одговорност за настанот и тврди дека овој случај не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, оти од него никој не бил вознемирен.

Слични содржини