419
Кучето на претседателот Џозеф Бајден, Командант, во понеделникот вечерта каснал уште еден агент на американската тајна служба во Белата куќа, пренесоа американските медиуми, наведувајќи дека ова е 11-ти пат ова двегодишно германско овчарско куче да касне член на претседателското обезбедување.
„Вчера околу 20 часот, униформиран полицаец на Тајната служба дошол во контакт со миленикот на претседателското семејство, кој го каснал. На повредениот полицаец му била укажана медицинска помош од стручен персонал во Белата куќа“, шефот за комуникации на тајната служба Ентони Гуљелми изјави за Си-Ен-Ен.
Повредениот припадник на Тајната служба во разговор со шефот на неговиот оддел Алфонсо М.Дајсон потврдил дека е добро, изјави Гуљелми.