Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Куба

од Nikola Popovski
316 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан.

На свечената церемонија на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски посочи дека нејзиното именување претставува уште една потврда на пријателските односи, но и за успешната развојна динамика на односите меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Посакувајќи успех во извршувањето на одговорната функција, претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно континуираното зајакнување на односите и на соработката меѓу Северна Македонија и Куба.

„Најискрено верувам дека идниот развој на односите и соработката, меѓу нашите две држави, ќе претставуваат позитивен пример и предизвик за нивно постојано надоградување со нови содржини во конкретни области, а пред сè во областа на здравството, економијата, културата, туризмот и во останатите сфери од заемен интерес”, истакна претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Амбасадорката Мариета Гарсија Хордан во обраќањето ја истакна целосната подготвеност и заложбите на Република Куба за натамошно зајакнување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, особено на политичкиот дијалог, соработката во областа на културата и образованието, како и за поттикнување на економската соработка.

Слични содржини