Трајковски: Пазарната инспекција ќе влезе во секое село каде што има продавнички

од Nikola Popovski
380 прегледи

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски порача дека инспекторите ќе влезат во секој маркет и продавница во државата, со цел да проверат дали се почитува новата одлука на Владата за „гарантирана цена“ на производите. Тој тврди дека сите инспектори се на терен и дека имале толеранција од пет дена за големите ланци на маркети, за да се прилагодат на новите цени.

-Апелирам и до сите дека ДПИ ќе го посети секое село во нашата држава каде што има и мали продавнички бидејќи до кај нас стигнуваат пријави од граѓани. Воглавно во големите ланци на маркети си ги исправија и ги применуваат одлуките на владата, кажа Трајковски денеска при посетата на компанијата „Горска“.

Трајковски најави дека вечерва ќе има исход од денешните контроли на инспекторите по маркетите и продавниците.

-Казни има, ќе се зголеми бројот на контроли и кај помалите трговци, но и кај снабдувачите. Не сакаме да виидме никаков недостаток на роба, дециден е Трајковски.

Директорот на ДПИ обелодени дека во саботата, седум поголеми ланци на маркети биле казнети поради непочитување на владината мерка за намалување на цените на 25 производи за 10 отсто. Според него, казните се платени и истите ќе можат да отворат од утре изутрина.

Слични содржини