Фудбалската федерација на Полска најави бојкот на сите натпревари против руските репрезентации

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Претседателот на Фудбалската федерација на Полска (ПЗПН) денеска соопшти дека оваа земја ќе ги бојкотира евентуалните натпревари против руските репрезентации во европските натпреварувања.

„Бев изненаден од вчерашното соопштение на Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА). Ако им се дозволи на руските тимови да играат, нашите репрезентации нема да играат против нив. Ова е единствената правилна одлука”, изјави претседателот на ПЗПН, Цезари Кулеша на социјалната мрежа Х.

УЕФА вчера објави дека ќе ги врати руските тимови до 17 години во нивните натпреварувања бидејќи „децата не смеат да бидат казнети за дела за кои се одговорни само возрасните“.

УЕФА соопшти дека руските тимови ќе играат без знаме, химна, официјална опрема и на неутрален терен.

Слични содржини