ВМРО-ДПМНЕ: Бугарска фирма предводена од мафијаш влегува во бизнисот со онлајн коцкарници

од Nikola Popovski
397 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ утрово повторно обвини дека „власта смислила уште еден бонбона бизнис“. Според опозицијата, вицепремиерот Артан Груби дозволува отворање на 3 онлајн коцкарници, кои ќе бидат во партнерство со државата, која според ВМРО-ДПМНЕ, ќе има важност цели 15 години.

Од најголемата опозициска партија порачуваат дека на огласот кој е распишан овој септември, не може да учествува некоја домашна фирма, односно тврдат дека стриктно е наменет за странски фирми.

-Дали Артан Груби и владата, овој оглас го скроиле за бугарската фирма 8888.бг? Дали на оваа фирма сопственик е озогласениот во бугарското подземје Васил Бошков, т.н. Черепот, добро познат на законот во Бугарија, кој што живее во Дубаи, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера појасни дека со новите интернет игри на среќа ќе има либерализација на пазарот, државата ќе има доминантно учество, граѓаните ќе имаат заштита, државата ќе има поголем прилив во буџетото и наместо обложувањето да се прави неконтролирано на странски онлајн платформи за игри на среќа ќе се прави на онлајн платформи каде државата ќе има доминантно учество.

Тој рече дека работењето на Државната лотарија на Македонија минатата година било потврдено и со сертификат од Асоцијацијата на европски лотарии за одговорно приредување на игри на среќа.

Слични содржини