Синот на Шер, Елајџа Блу Алман, поднел барање за развод од Мараја Кинг во 2021 година. Меѓутоа, во ноември 2022 година, парот наводно се смирил и во тој краток период од 12 дена, четворица мажи упаднале во нивната хотелска соба во Њујорк и го киднапирале Алман на денот на нивната годишнина од брак, 30 ноември.
„Не знам дали мојот сопруг е добро или каде е. Многу сум загрижена за него“, напиша поранешната снаа на Шер во изјавата потпишана на 4 декември 2022 година. Иако судските документи датираат од тој месец, тие станаа јавно познати оваа недела.
„Еден од четворицата мажи кои го киднапираа ми кажа дека мајка му ги ангажирала, во август 2022 година ми рекоа да не разговарам со Алман кој моментално е во установа за лекување чија адреса не ја знам. Ми кажаа и дека тој нема пристап до неговиот телефон“, додаде Кинг.
Во отсуство на Алман, Кинг морал да ја напушти куќата во која живееле, а која и припаѓа на Шер, пишува „Entertainment Tonight“.
„Го направив тоа и добив уверување дека ќе добијам издршка навреме и дека ќе можам да си добијам стан. Не ми беше дозволено да ги земам сите мои работи од нашиот дом ниту ми беше дадена можност да направам попис на заедничкиот имот“, рече Кинг.
Синот на познатата Шер претходно зборуваше за зависноста од дрога, со која се бореше со години. По наводното киднапирање, тој останал во Шато Мармонт под будното око на домашна помошничка ангажирана од неговата мајка. На почетокот на овој месец, персоналот на хотелот го пронашол онесвестен на тротоарот во близина на влезот.
Полицијата неколку дена подоцна го однела во центар за рехабилитација.