Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денеска од собраниската говорница го обвини вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ дека ѝ праќал бакнежи и намигнувања од неговото пратеничко место. Таа му порача на функционерот дека „треба да се засрами“.
-Лигав еден. Ужас. Ова е скандал од невидени размери. Вака не може да ви пуштаат да се однесувате, остро реагираше Стојаноска.
Потоа во Собранието настана мал прекин откако неколку пратенички од опозицијата станаа и дојдоа до потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски кој претседаваше со седницата за пратенички прашања.
Стојаноска повторно се врати на говорницата и побара од Мисовски да го опомене Маричиќ.
-Едно време го обвинија координаторот Никола Мицевски дека нападнал пратеничка? Се сеќавате на тоа? Или ќе гледаме кој на која партија припаѓа, се обрати пратеничката до пратениците од СДСМ.