Почина легендарниот професор Дамблдор од „Хари Потер“

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Како што потврдија членовите на неговото семејство, актерот Мајкл Гамбон, кој го играше професорот Албус Дамблдор во „Хари Потер“, почина на 83-годишна возраст.

Според Би-Би-Си, актерот починал во болница, како последица на пневмонија, а до последен момент покрај него биле членовите на неговото семејство.

Пошироката јавност најдобро го познава како професор Албус Дамблдор во шест од осумте филмови за Хари Потер, а глумеше и во серијата на Би-Би-Си „Детективот што пее“.

Мајкл Гамбон е роден на 19 октомври 1940 година во Даблин, а со своите родители се преселил во Лондон кога имал пет години, каде што одел на St. Aloysius College. Тој го напуштил училиштето кога имал 15 години и се вработил како чирак изработувач на алатки во Викерс Армстронг.

Додека работел како машинист, студирал класична глума и дипломирал на Кралската академија за драмска уметност. Тој ја доби својата прва работа во театарот во Даблин благодарение на неговата упорност и креативност, откако испрати писмо до театарот „Гејт“ со CV во кое ја опиша својата сценска кариера како фантазија.

Слични содржини