Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека изборите одржани претходно овој месец во деловите на Украина кои се под контрола на Москва означија чекор кон нивна целосна интеграција во Русија.
„Тоа е, се разбира, значаен настан, важен чекор кон целосно влегување на нови региони во единствениот правен, државен простор на нашата голема земја“, рече Путин на средбата со новоизбраните гувернери, пренесе Ројтерс.
Изборите во регионите Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје, кои се под делумна руска контрола, воспоставени по почетокот на војната во Украина, Киев ги прогласи за нелегални.