Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека е згрозен од обвинувањата дека вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ испраќал бакнежи и намигнувања кон пратеничката Дафина Стојаноска. Тој со „гадење“ гледа на чинот, за кој вели дека е „сексистички и неморален“.
-Вчудоневиден сум што на овие на кои што им е полна уста со Европа, не собраа сила да се извинат за тоа што го стори Маричиќ. Од Ковачевски очекував барем да се огради, но жал тоа не го добив. Се чувствувам засрамен што политичката сцена уште некое време ќе ја делиме со вакви политички маргиналци, кажа Мицкоски од посетата на реализација на проекти во општина Гази Баба.
Маричиќ вчера ги демантира обвинувањата од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Стојановска и вели дека „со не ниту имал било каква комуникација ниту ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака“.