Унгарија секогаш е за дијалог и се противи на санкции, изјави Орбан од Белград

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска во Белград дека неговата земја е на страната на дијалогот во секој конфликт и дека никогаш не поддржала санкции против ниту една земја.

По разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ и со шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, Орбан рече дека дошол во Србија за да има билатерална и трилатерална средба.

„Трилатералната средба имаше за цел, што се однесува до мене, да може да ја претстави српско-унгарската економска соработка пред претставникот од Арапските Емирати и да покаже како ова е исклучителна можност бидејќи економската и политичката соработка меѓу две земји се успешни и експлицитни. Едната од земјите е во ЕУ а другата не, но тоа не ни е пречка туку можност.Ако некој бара место за инвестирање, тешко дека ќе најде подобра можност од оваа“, рече Орбан.

Слични содржини