JP Morgan Chase ги забрани плаќањата со криптовалути во Британија

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Американската банка JP Morgan Chase ги забрани плаќањата во криптовалути во Британија, а поради овој потег се најде на критики од шефот на крипто берзата Coinbase, Брајан Армстронг.

Chase UK, подружница на американската банка, ги информираше клиентите дека повеќе нема да им дозволува да купуваат криптовалути со нивните дебитни картички или преку банкарски трансфери, наведувајќи ја загриженоста за можноста за измама, пренесе CNBC.

Во соопштението, британската филијала се осврна и на податоците за зголемување на измамите со криптовалути.

Слични содржини