Колку заработи Вин Дизел од учеството во „Fast and the Furious“ серијалот?

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Вин Дизел стана синоним за автомобилската франшиза Fast and the Furious. Тој првпат се појави во овие филмови во 2001 година во оригиналот. Од тркачки автомобили, тимот на „Брзи и бесни“ стана тим кој го спасува светот и оди во вселената.

Вкупно, снимени се 11 филмови, од кои еден беше спин-оф, а во девет се појави Дизел. Официјално осум затоа што не бил потпишан за кратка улога во Tokyo Drift. Брзи и бесни 7 и 8 се единствените кои заработиле над милијарда долари на бокс офисот. Филмовите и донесоа вкупно 7,47 милијарди долари на Universal Pictures.

По смртта на Пол Вокер во 2013 година, многумина повикаа на крај на франшизата по седмиот дел, но тоа не се случи. Последниот филм што излезе беше Fast and Furious 10, а во план се уште најмалку две продолженија.

Во филмовите се става акцент на важноста на семејството, но на Дизел му е важно и колку пари ќе заработи. Според податоците кои ги објави порталот Screen Rant, американскиот актер во осум филмови заработил околу 124 милиони долари. Најмногу заработи на Fast and Furious 7 каде успеа да добие 47 милиони долари.

За улогата во оригиналот доби два милиони долари, додека за кратката улога во Tokyo Drift не беше платен, туку ги доби правата на франшизата Riddick.

Дизел одбил да биде во Fast and Furious 2 затоа што, малку иронично, сметал дека продолжението ќе го оцрни значењето на оригиналот.

Слични содржини