Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска

од Radmila Tasevska
490 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за безбедносната ситуација на Косово. Тоа е втора посета на Сарацин на Косово во рок од седум дена.

На средбата на која присуствуваше и германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, Курти истакна дека доказите собрани во текот на истрагата спроведена по „криминалниот и терористичкиот напад“ ја докажуваат „директната вмешаност на државните институции на Србија во овој чин на агресија врз Косово“, за што Србија треба да биде меѓународно санкционирана и казнета.

Курти, се додава во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Сарацин за оваа посета и неговиот континуиран и интензивен ангажман.

Слични содржини