Почнува исплатата на септемвриските пензии зголемени за 5,3%

од Nikola Popovski
516 прегледи

Од денеска исплата на септемвриските пензии на редовниот начин, како пред пандемијата. Пензиите се зголемени, но не за 6,8 туку за 5,3 насто. Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус, а оние со најниски пензии – 700 денари.

-Ова е второ усогласување за годинава. Во март беше зголемена за 8,4 проценти и заедно со овие 5,3, изнесува 13, 7 проценти, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Изминатиот период голем број пензионери излегуваа на протести со барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари со цел да им се помогне во услови на голема економска криза и висока инфлација. Порачаа дека ќе продолжат со протестите се до исполнување на нивното барање.

Во Македонија живеат околу 330.000 пензионери, најголемиот дел од нив, над 97.000 се со пензии до 13.000 денари.

Слични содржини