Ангелов: Илузорно е споменик на загинатите бранители да се изгради во Арачиново

од Nikola Popovski
210 прегледи

Арачиново е 100% село со етнички Албанци во Македонија и таму Македонци малку се движат. Илузорно е таму изградба на споменик на бранителите и невозможно е. Таква е состојбата. Достоинство само одеше 15 години на заседата кај Вејце. Последните две години се охрабрија да дојдат и други авторитети, рече првиот човек на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, денес меѓуетничките односи се на повисоко ниво и многу малку има напнати моменти.

-Јас сум оптимист дека некои работи ќе бидат поправени во следниот период, кажа Ангелов.

Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибрахими во изјава за ТВ21 вели дека изградба на музеј на УЧК во Арачиново е едно од неисполнетите ветувања.

Тој изјави дека допрва ќе треба да се избере локација за музејот и дека за таа намена има неколку места, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.

Слични содржини