153
Двата ноќни клуба кои минатиот викенд беа уништени во смртоносниот пожар во градот Мурсија во југоисточна Шпанија, работеле без валидна лиценца цела година и добиле наредба да бидат затворени, соопштија денеска локалните власти.
Во соопштението се наведува дека не е јасно зошто на клубовите им било дозволено да продолжат со работа иако немале важечка лиценца, пренесува „Ројтерс“.
Најмалку 13 лица загинаа во пожар што ги зафати ноќните клубови во Мурсија, потврди во неделата шпанската служба за итни случаи.