180
Украина ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на „меѓународни спонзори на војната“, на која се наоѓаат компании обвинети за финансиска поддршка на руската инвазија, соопшти денеска Украинската национална агенција за спречување на корупција.
„За време на дискусиите кои интензивно траеја последните денови со учество на Службата за надворешни работи на ЕУ, ОТП банка презеде голем број обврски во однос на своите идни планови за рускиот пазар“, се вели во образложението на агенцијата за одлуката, пренесува Ројтерс.
Банката беше додадена на листата на „меѓународни спонзори на војната“ во мај затоа што продолжи да работи во Русија.