Грковска: Продолжува поддршката од Унгаријa, но постои загриженост од можното разделување од пакетот со Албанија

од Nikola Popovski
182 прегледи

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа средба со амбасадорот на Унгарија во земјава, Андраш Клеин.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката којашто нашата држава ја добива од Унгарија во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во актуелниот чувствителен период на геополитички реструктуирања, кога процесот на проширување претставува и безбедносно прашање за земјите од регионот, но и за самата Унија.

Амбасадорот Клеин нагласи дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е висок приоритет за неговата земја, која во втората половина од 2024 година ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ. Во поглед на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија на патот кон полноправно членство, тој изрази загриженост поради можноста од раздвојување на процесите на интеграција на Северна Македонија и Албанија.

Двајцата соговорници се согласија дека во остварувањето на стратешките цели, справувањето со корупцијата е еден од најважните приоритети. Во таа насока, вицепремиерката го информираше амбасадорот Клеин за активностите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во делот на јакнење на антикорупциските алатки и механизми, а беа споделени и мислења за актуелните измени во легислативата и за состојбата во правосудниот систем.

Слични содржини