Законот за амнестија стигна во Собрание и ќе се носи по скратена постапка

од Nikola Popovski
398 прегледи

Предлог-законот за амнестија влезе во Собранието без европското знаменце, но по скратена постапка. Претседателот на Собранието веќе го доставил до пратениците.

-Предлог-законот за амнестија е примен во Собранието, а испратен од Владата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери го достави до пратениците. Предлог-законот е по скратена постапка, инфомираа од кабинетот на Талат Џафери.

Политичките фактори и натаму поделени. Владејачкото мнозинство најавува амандман доколку постојат индиции за амнестија за функционери. Опозицијата ќе го блокира, најави дека ќе го напушти Собранието ако се злоупотреби процедурата.

Предлогот на законот не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право.

Амнестијата нема да важи ниту за кривичните дела разбојништво, разбојничка кражба, измама на штета на средствата на Европската Унија, перење пари и други приноси од казниво дело, злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, примање поткуп, давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание и за примање награда за противзаконито влијание, сите од Кривичниот законик.

Слични содржини