Џејми Оливер: Кога би можел да сменам нешто, би избрал живот во анонимност

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Британскиот готвач Џејми Оливер вели дека доколку има шанса да промени нешто во својот живот, би ја избрал анонимноста наместо славата.

Оливер го кажа ова во поткастот Young Again на Кристи Јанг, достапен на BBC Radio 4 и BBC Sounds, во кој авторката се навраќа на клучните моменти од животот на своите гости и ги прашува што би промениле доколку имаат можност.

Џејми рече дека ако може да го направи сето тоа одново, ќе отвори паб, ќе има „нормален живот“ и би бил свесен дека „анонимноста е најголемиот подарок“.

Оливер (45), кој се прослави на 23 години, откако беше објавена неговата телевизиска програма „Голиот готвач“, зборуваше и за она што го научил работејќи во пабот на неговите родители, за односот со сопругата Џулс и предизвикот кој за него претставува да прави вистински баланс помеѓу активизмот и работа во кампањата и водење бизнис империја, пишува Independent.

Слични содржини