Премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Сител“ зборуваше за процесот на носење на уставните измени, во однос на барањето на албанската опозиција за бришење на формулацијата која се однесува на „јазикот што го говорат 20 отсто од граѓаните”.
„Албанскиот блок на опозициски политички партии, всушност, треба да размисли дали сака да биде дел од анти ЕУ коалиција кога зборува за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи, јас кога ќе ги погледнам политичките ставови на ВМРО-ДПМНЕ и политичките ставови на албанската опозиција, во моментов единствено нешто за што тие се, е да се спротивставуваат на ЕУ. И, тоа е добро бидејќи сметам дека сите политички партии, јас не би ги разликувам македонски, албански или влашки и така натаму, бидејќи сметам дека сите политички партии во државата припаѓаат на граѓаните”, потенцира премиерот Ковачевски, во интервју за вестите на Сител телевизија.