Блек Чина ја продава својата облека, чанти и чевли за да ги плати сметките

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Блек Чина, вистинско име Анџела Рене Вајт, продава лични работи поради финансиски проблеми. ТМЗ дошол до документи кои покажуваат дека ријалити ѕвездата и модел ја продава својата облека, чанти и чевли онлајн за да врзе крај со крај.

Чина тврди дека можела да ги плати сметките само со продавање на своите работи на пријатели и преку Интернет. Во документите таа наведува дека заработила 178.000 долари, но вели дека тоа е само привремено решение бидејќи наскоро нема да има повеќе работи за продажба.

Таа, исто така, наводно побарала помош од раперот Тајга додека се уште се борат за старателството над нивниот 10-годишен син Кинг.Таа тврди дека нејзините сметки се трупаат поради судската битка со Тајга, па затоа бара од него да и плати 125.000 долари за покривање на нејзините правни и сметководствени такси.

Таа додаде дека раперот одбива директно да комуницира со неа и да и дава информации за нивниот син со кој се гледа само еднаш неделно. Поради ова, Чина побара и судски налог за воспоставување редовни посети со Кинг. Сепак, извори блиски до поранешната двојка за TМЗизјавиле дека Tајга плаќал за школарината на Кинг во приватно училиште, медицинските сметки на детето и дневни трошоци за живот.

Слични содржини