Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски истакнува дека не може да има примери во маркетите како една цена на рафтови, а друга на фискалната сметка. Вели дека како инспекција нема да дозволат доколку има поставена „гарантирана цена“, а таа да не е намалена и да стои иста.
-Јогуртот од 1,45 литри ако е 109 денари пред донесување на одлуката и сега потрошувачот разбира дека има нови одлуки на Владата и очекува намалување, повторно оди во маркетите и гледа дека има точна означена цена, а цената е иста од претходно. Граѓанинот во себе си вика дека не се почитува мерките и нема да има намалување… Ова покажува дека правилно постапивме. Секој што ќе применува нечесни трговски практики ќе биде затворен и казнет, рече Трајковски во емисијата „Студио 10“.
Трајковски информира дека имаат мал број на инспектори кои треба да ги покријат сите трговски објекти.
-Мерките вродуваат со плод и сега кога ќе испазариме, со помала сума да купиме повеќе производи, додаде директорот на ДПИ и додаде дека изминатиот период инспекторите немале закани на терен и немало потреба да побараат интервенција на полицијата.