Костадиновска-Стојчевска: Националниот интерес ќе се оддели од јавниот интерес за финансирање, стручни комисии ќе ги бираат проектите

од Nikola Popovski
285 прегледи

„Во новиот предлог закон за култура, за кој имаше дебата и сега е во фаза на преработка по оние предлози кои беа пристигнати по електронски пат е дефинирано дека националниот интерес треба да се оддели од јавниот интерес во однос на финансирање, но дека исто треба тие стручни комисии да се избираат на јавен повик, да нема повик по министерот, заменик министерот, вработените во култура, дека тие наметнуваат своја волја, туку тие тручни комисии да се избираат на јавен повик“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во утринската емисија на Канал 5.

Таа додаде дека манифестации како Охридско лето, Струшки вечери на поезијата, Илинденски денови кои имаат повисоки вредности и ја промовираат државата надвор од границите треба да добијат поинаков третман од оние проекти кои се од јавен интерес и со поинаков карактер.

„Тоа се разбира не значи дека не треба да се финансираат и едните и други. Но треба да биде поинакво согледувањето на стручните комисии кои ги формираме“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката рече дека манифестациите кои се од национален интерес треба да добиваат постојано поголема финансирка поддршка од Министерството за култура, додека начелото на финансирање на проектите од јавен интерес треба малку да се реструктуира.

„И минатата и оваа година се обидовме стручните комисии да ги направиме што е повеќе возможно да немаат допир со корисниците. Она што јас можан да го кажам, што го научив е дека секоја година ќе има одредени реакции бидејќи како што кажав во културата, финансиските средства никогаш не се доста“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Слични содржини