Каевски: Со Законот за амнестија се ослободуваат тие со полесни дела, за да може тие со потешки кривични дела да лежат

од Nikola Popovski
566 прегледи

„Ќе се направи анализа и пратеничката група на СДСМ е подготвена да поднесе амандмани на Законот за амнестија. Овој закон е за полесни кривични дела, кои ќе бидат ослободени од одлежување на затворската казна за моменталните капацитети да овозможат лицата кои сториле потешки кривични дела да служат казна затвор“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека ова законско решение не се носи за личности, туку за полесни прекршоци за да се растеретат условите во затворите, бидејќи над 2000 луѓе чекаат да служат казна затвор.

„Не смее сензитивни процеси и дела да бидат опфатени со оваа амнестија. Доколку има потребна соодветно ќе интервенираме. Но нема да дозволиме да се игра на картата на ситен популизам на чувствата на граѓаните“ рече Каевски.

Пратеникот додаде дека веќе се обезбедни и средства од ЕБОР за зголемување на капацитетите за 900 нови затвореници.

Слични содржини