203
Американскиот производител на часовници и додатоци, Nixon, лансираше ограничено издание на часовник што му оддава почит на Тупак Шакур.
Колекцијата се состои од пет различни часовници и има едноставно име – 2PAC.
Часовниците во колекцијата вклучуваат 2PAC Time Teller достапен во црна и златна боја, 2PAC Corporal, 2PAC 51-30 и 2PAC Sentry од нерѓосувачки челик.
На некои луѓе им се допаднаа часовниците, на други не. Така, на Инстаграм профилот на брендот може да се најдат различни коментари. „Што е ова!? Пак се превртува во гробот поради ова с*ање“, „Сакам еден“, „Супер изгледаат“, „Најмногу ми се допаѓа 51-30“ се некои од нив.