Северна Кореја затвори нуклеарен реактор поради екстракција на плутониум

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Северна Кореја го затвори нуклеарниот реактор во својот главен атомски комплекс, веројатно поради екстракција на плутониум кој по обработка би можел да се користи за вооружување, објавија денеска јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на извори во јужнокорејската влада.

Според проценките на американското и јужнокорејското разузнавање, работата на нуклеарниот реактор од 5 мегавати во нуклеарниот комплекс Јонгбјон била затворена кон крајот на септември, според извештајот што го пренесува „Ројтерс“.

„Јужна Кореја и САД веруваат дека тоа може да биде знак дека тие повторно работат на преработка на плутониум за оружје“, пишува јужнокорејскиот дневен весник „Донг Илбо“, цитирајќи владин извор.

Обработката на прачките од потрошеното гориво отстранети од нуклеарните реактори обично се презема пред екстракција на плутониум, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини