Копнена операција во Сирија е една од опциите што Турција би можела да ги разгледа, изјави денеска претставник на турското министерство за одбрана, откако беше откриено дека двајцата напаѓачи на владината зграда во Анкара дошле од Сирија.
„Нашата единствена цел е да ги елиминираме терористичките организации кои претставуваат закана за Турција. Копнената операција е една од опциите за елиминирање на оваа закана, но тоа не е единствената опција што ја разгледуваме“, изјави турски пратеник, пренесе „Ројтерс“.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во средата објави дека легитимни воени цели се инфраструктурните и енергетските објекти во Ирак и Сирија за кои рече дека се под контрола на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и Единиците за заштита на народот (ЈПГ).
„Советуваме трети страни да се држат подалеку од објектите контролирани од ПКК и ЈПГ. Одговорот на нашите вооружени сили ќе биде многу прецизен“, рече Фидан.
Во неделата, на први октомври, двајца напаѓачи извршија бомбашки напад пред зградата на министерството за внатрешни работи во Анкара, кога двајца полицајци беа полесно повредени.