Путин: Русија не ја започна војната во Украина, туку се обидува да ја прекине

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Историјата на Западот е хроника на бескрајна експанзија, а Русија не ја започна војната во Украина, туку се обидува да ја прекине, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Соочени сме со задача да изградиме нов свет“, рече Путин на пленарната седница на 20-та сесија на меѓународниот клуб за дискусии „Валдaј“ во Сочи.

Тој нагласи дека Русија не ја започнала „таканаречената војна во Украина“, туку, напротив, се обидува да ја прекине.

Исто така нагласи дека Москва не организирала државен удар во Киев во 2014 година, пренесува РИА Новости.