Поради разводот станал зависен од апчиња за спиење, Патрик Стјуарт открива: „Ме фаќаше паника“

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Британскиот актер Патрик Стјуарт (83) откри дека по првиот развод брзо добил зависност од апчиња за спиење. Ѕвездата на „Икс-мен“ се присети како поминал низ многу тежок период во неговиот живот во 1989 година по разделбата со Шила Фалконер во неодамна објавените мемоари „Making It So“.

Стјуарт, кој во тоа време ги снимаше „Ѕвездени патеки“, напишал дека станал зависен од апчињата за спиење што ги земал за да ги добие часовите за опоравување што му биле потребни за добро да ја заврши својата работа, пишува Page Six.

Тој и Шила, кои имаат две деца, се венчаа во 1966 година. Нивниот брак делумно заврши поради аферата на актерот со Џенифер Хетрик, која ја играше Ваш во „Ѕвездени патеки: следната генерација“.

Британскиот актер кој го глумеше капетанот Пикард на крајот реши да ги „остави апчињата“ за време на паузата од снимањето на ТВ серијата, но напиша дека „спиењето станало речиси невозможно“. Наместо тоа, тој се разбудил во раните утрински часови со „чувство на паника низ целото тело, а стапалата обилно му се потеле“.

Тој признал дека ова мрачно поглавје му било најтешко во животот бидејќи неговите деца, особено ќерката Софи, биле бесни на него поради разводот од нивната мајка.

Исто така, актерот откри една бизарна работа од својот живот, поточно за неговиот дом во Лос Анџелес. Тој изјавил дека куќата била опседната.

Тој се присети на вознемирувачки моменти како гласови, мирис на готвење храна и чекори на празно скалило.

На крајот, Стјуарт ја продал куќата и повторно ја нашол љубовта со својата трета сопруга, Сани Озел, која ја запознал во ресторан во Бруклин каде таа била келнерка. Тој призна дека на првиот состанок спиеле заедно. Тие се венчаа во 2013 година, а церемонијата ја водеше неговиот долгогодишен пријател Иан Меккелан.

Слични содржини