Граѓаните да бидат спокојни! Цените на основните прехрамбени производи нема да се зголемат, може само дополнително да се намалат, порача првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Дециден е дека Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките за намалување на цените кои се веќе донесени.
-Оној што нема да ги почитува одлуките ќе биде казнет без селекција! Граѓаните се на прво место, а ние сме тука за да го штитиме нивниот стандард, нагласува Трајковски.
Имајќи ги предвид реакциите на граѓаните, на општата и стручна јавност, во врска со зголемување на цените кои се пласирани во јавност деновиве, известуваме дека зголемување на цените на основните прехрамбени производи нема да има, а пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените, информираат од Пазарниот инспекторат.