Закрепнувањето на Софија Лорен ќе трае со месеци

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Само четири дена по нејзиниот 89-ти роденден, легендарната Софија Лорен преживеа тежок пад во својот дом во Женева. Резултатот од тој пад биле повеќекратни скршеници на коските, поради што морала да оди на операција, а сега се опоравува од се.

Дека е добро потврди и нејзиниот менаџер Карло Џуисти, кој за People изјави: „Се оди како што треба, но ќе и треба уште неколку месеци рехабилитација“.

Покрај тоа, тој откри дека со актерката во Швајцарија биле и нејзините синови, 54-годишниот Карло Понти Јуниор. и 50-годишниот Едоардо Понти кои и помагаат на својата мајка што побрзо да закрепне од скршеницата на бутната коска и колкот.

Самата операција била комплицирана, но познатата оскаровка се опорави од операцијата и полека закрепнува. Софија Лорен последен пат беше видена во јавноста на 2 септември, кога се појави на 80-тиот филмски фестивал во Венеција, каде што се одржа легендарната ревија на Армани.

Веста дека е повредена првпат беше објавена на Инстаграм профилот на синџирот ресторани што go поседува на 24 септември: „По падот во нејзиниот дом во Женева, г-ѓа Лорен се здоби со скршеница на колкот. Операцијата помина добро, а сега таа мора да се посвети на закрепнувањето и да се придржува на се за рехабилитацијата да помине што е можно подобро. За среќа, на крајот сè испадна најдобро за неа и дамата наскоро ќе биде со нас. Целиот тим на ресторанот „Софи Лорен“ сака да и посака брзо закрепнување“.

Слични содржини